ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон ќе ги приватизира француските аеродроми

Макрон ќе ги приватизира француските аеродроми

Владата на новиот француски претседател Емануел Макрон најверојатно ќе ја започне планираната приватизациска програма со аеродромскиот оператор ADP, соопштува Ројтерс.

Емануел Макрон уште пред да победи на изборите на 7 мај рече дека сака со парите од приватизациите, да го финансира владиниот план за промовирање на индустријата и иновациите, кој е во вредност од 10 милијарди евра.

Ако францускиот претседател добие парламентарното мнозинство на изборите закажани за 18 јуни, како што всушност и се очекува, тој може брзо да склучи договор, со кој ќе ги собере потребните средства за Француската нуклеарна компанија “Арева”.

Акциите во ADP, која ги контролира аеродромите “Шарл де Гол” и “Орли”, се рекордно високи. Уделот на владата, кој изнесува околу 50.6% и се оценува на 7 милијарди евра, може да биде продаден за неколку недели или месеци по изборите, тврдат високи извори.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП