11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на трговскиот суфицит на Германија

Пад на трговскиот суфицит на Германија

Увозот на Германија го надмина извозот во месец април, поради што е намален и трговскиот суфицит на најголемата европска економија.

Извозот на Германија во април порасна за 0,9 проценти на 106,3 милијарди долари во однос на март, додека увозот порасна за 1,2 проценти на 86,6 милијарди евра, според десезонираните официјални податоци на Канцеларијата за статистика, пренесува агенцијата АП.

Тоа доведе до тоа прилагодениот трговски суфицит да падне на 19,8 милијарди евра од 19,9 милијарди евра претходниот месец.

Според неприлагодените податоци, извозот опаднал за 2,9 проенти во април во однос на истиот месец минатата година, додека увозот е зголемен за 5,4 проценти, што трговскиот суфицит го намали на 18,1 милијарда евра од 25,3 милијарди евра пред една година.

Германскиот трговски суфицит веќе долго време е на удар на критики од другите земји во светот, кои го обвинуваат Берлин дека не работи доволно за да ја поттикне домашната побарувачка за странски стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП