3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon веќе подготвил план за откази во Yahoo и AOL

Verizon веќе подготвил план за откази во Yahoo и AOL

Американскиот телекомуникациски гигант „Verizon“ планира да отпушти 2.100 вработени кога следната недела ќе се заврши преземањето на интернет бизнисот на „Yahoo“.

Отказите се очекуваат во „AOL“ и „Yahoo“, гранките на „Verizon“, а планирано е намалувањето да изнесува околу 15 проценти од вкупниот број на вработени во тие две подружници, во кои во моментов работат 14.000 лица, јавува Њујорк Тајмс, пренесе агенцијата Ројтерс.

Многу од работните места се наоѓаат во Калифорнија, а некои се надвор од САД, вели за Ројтерс еден неименуван извор.

Акционерите на „Yahoo“ во четвртокот ја одобрија продажбата на компанијата, а се очекува дека трансакцијата ќе биде завршена до вторник.

„Verizon“ сака го спои софтверот на „Yahoo“ кој се однесува на пребарување, електронска пошта и испраќање пораки, како и технолошки алатки за огласување, со бизнисот на компанија „AOL“, која водечкиот американски безжичен оператор ја купи во 2015 година за 4,4 милијарди долари.

Аквизицијата означува крај за „Yahoo“ како самостојна компанија, пионер на интернетот чија вредност своевремено изнесуваше повеќе од 100 милијарди доалри.

„Verizon“ сака да ги ребрендира „AOL“ и „Yahoo“ како дел од новиот бизнис потфат наречен „Oath“, кој ќе го води извршниот директо на „АОЛ“, Тим Армстронг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП