25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјата која бележи најдолга експанзија

Земјата која бележи најдолга експанзија

Јапонија објави дека во првиот квартал од 2017 година забележала понисок економски раст од очекуваниот.

Меѓутоа, и покрај овие статистички податоци и понатаму потврдуваат дека земјата регистрира најдолг период на економска експанзија во последните десет години.

Третата најголема економија во светот во периодот од јануари до март од тековната година остварила раст на бруто домашниот производ од 0,3 проценти, што е пониско од прелиминарните проценки од 0,5 проценти, додека на годишно ниво порастот изнесува 1,0 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Неочекувано понискиот показател доаѓа откако Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка неодамна ги зголемија своите проекции за раст на јапонската економија.

Иако понизок од очекуваниот, показателот означува петти последователен кавртал на раст, што е најдолгиот период на економска експанзија на Јапонија во повеќе од една деценија.

За економскиот раст најмногу придонел силниот извоз, бидејќи е зајакната побарувачката за јапонските производи. Инвестициите поврзани за Олимписките игри во Токио во 2020 година исто така и даваат силен поттик на економијата.

Тековната сметка на Јапонија – најшироката мерка за трговија на земјата со остатокот од светот, покажува раст од 7,5 проценти на годишно ниво во месец април, на 1,95 илјади милијарди јени (17 милијарди долари), според податоците објавени денес во одвоено соопштение во Токио, пренесува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП