28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради можност од салмонела, „Марс“ повторно повлече чоколадни производи од пазарите

Поради можност од салмонела, „Марс“ повторно повлече чоколадни производи од пазарите

Според официјалното соопштение на компанијата станува збор за “мала количина” заразени чоколадни производи.

Производителот на чоколади “Марс” повлече од пазарот во Велика Британија и во Ирска седум серии на свои производи поради сомнение дека може да содржат салмонела.

Компанијата потенцира дека станува збор за “мала количина” заразени чоколади, а меѓу нив се трите типа млечно чоколадо “Галакси”, чоколадните дражеи и други.

Ова не е прв пат, “Марс” да повлекува свои производите од странскиот пазар.

Минатата година компанијата нареди масовно повлекување на свои десерти од марките “Марс”, “Сникерс”, “Милка Веи” и “Мини микс” од 55 држави од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП