2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAsha 501 новиот адут на Nokia

Asha 501 новиот адут на Nokia

asha

„Nokia“ го најави својот прв паметен телефон од обновената гама „Asha“ – „Asha 501“. Се очекува овој уред да биде со цена под 100 долари. Новиот паметен телефон е со светли бои и нов кориснички интерфејс дизајниран за поудобна работа.

Телефонот доаѓа во шест бои, црвена, светлозелена, жолта, светлосина, бела и црна. Екранот од 3-инчи ќе биде осетлив на допир, но и отпорен на гребење. Уредот тежи само 91 грам и во мирување може да работи до 48 часа.

Моделот нуди избор на две основи на екранот: „Home“ и „Fastlane’. Првиот е традиционален екран со икони за лансирање на индивидуални апликации и пристап до функции како повик или подесувања на телефонот, а вториот ги покажува последните повикани контакти, социјалните мрежи и апликации кои се уникатни за секој корисник.

„Asha 501“ го вклучува и „Nokia Browser Xpress“ чии сообраќај на информации е за 90 проценти побрз од претходно.

Ново во „Asha 501“ е услугата „Nokia Xpress Now“ – веб апликација која препорачува содржина на базата на локацијата и желбите на потрошувачите. Услугата е достапна преку почетната страница на прелистувачот или преку преземање од „Nokia Store“.

„Nokia Asha 501“ доаѓа со една или со две SIM картички, со технологија „EasySwap“, а исто така моделите поддржуваат Wi-Fi конекција. Овој паметен телефон има димензии 99.2 x58x12. 1 мм, додека располага со камера од 3.2 мегапиксели и овозможува 17 часа разговор со едно полнење на батеријата.

Во комплетот се вклучени дополнителна мемориска картичка од 4 GB, како и 40 бесплатни игри од „EA Games“ со вредност од 75 евра кои се достапни за преземање од „Nokia Store“.

„Nokia Asha 501“ се очекува на пазарот во јуни 2013-та година во околу 60 оператори и дистрибутери во над 90 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП