8 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои милијардери загубија пари од почетокот на 2017-та

Кои милијардери загубија пари од почетокот на 2017-та

Само 6 од 50-те најбогати луѓе во светот губат пари од почетокот на 2017-та година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Меѓу нив се инвеститорот Џорџ Сорос, намалено богатство со 844 милиони долари до 24.4 милијарди долари, како и Стефан Персон, кој моментно е најголем акционер и претседател на „H&M“, загубил 2.08 милијарди долари до 20,9 милијарди долари.

Помалку пари во однос на крајот на 2016-та година имаат уште принцот Алуалед бин Талал Ал Сауд, инвеститорот Карл Ајкан, сопругата на покојниот Стив Џобс – Лорин, како и најбогатиот Јапонец Тадаши Јанаи.

На минус од 2017-та година се уште руските милијардери Леонид Микелсон, Алексеј Мордошов и Владимир Потанин.

На чело во најпрестижниот рејтинг на светот се ко-основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, основачот на „Amazon“, Џеф Безос, кои имаат богатство од 89.8 милијарди долари и 86.4 милијарди долари, како и Амансио Ортега со 84.8 милијарди долари.

Најпрофитабилен од почетокот на годината е токму Безос, тој додал 21 милијарди долари, откако акциите на компанијата управувана од него неодамна ја преминаа границата од 1.000 долари за готово. Најголем губитник е нафтениот магнат Харолд Хам, намалено богатство од 4,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП