
Авиокомпанијата „Emirates Airlines“, со седиште во Дубаи во фискалната година завршена на 31 март 2013 година, оствари нето профит од 622 милиони долари.


Авиокомпанијата „Emirates Airlines“, со седиште во Дубаи во фискалната година завршена на 31 март 2013 година, оствари нето профит од 622 милиони долари.
Тоа е зголемување за 52 проценти во однос на претходната фискална година.
Во соопштението, кое го пренесуваат странските медиуми, компанијата наведува дека и приходите во истиот период се зголемени за 17 проценти, на 19,9 милијарди долари.
Проширена е и флотата на компанијата со 34 нови авиони, така што сега „Emirates Airlines“ располага со 200 авиони Ербас и Боинг, а воспоставени се и 10 нови дестинации.
Во минатата година, компанијата од Дубаи транспортирала 39,4 милиони патници, што е за 16 проценти повеќе од претходната година.