Европската комисија (ЕК) предложи да биде создаден паневропски приватен пензиски фонд. Со него Брисел сака да ја стимулира акумулацијата на приватен капитал, кој се користи за инвестиции и создавање на пензиските производи, кои можат лесно да се пренесат преку границите во заедницата.
Предлогот што ќе биде официјално претставен во следните недели, е дел од иницијатива за привлекување на повеќе приватен капитал кон корпоративниот финансиски пазар, доминирана во моментов од страна на банките.
Заменик-претседателот на ЕК, Валдис Домбровскис посочи дека само 27 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 25 и 59 години во моментов се вклучени во приватни пензиски производи.
Предложениот паневропски пензиски фонд може да се поврзе со овој капитал и ќе обезбеди дополнителна финансиска сигурност за постарото население на Европа.
На овој начин европските пензиски производи можат да придонесат за инвестициите, кои им се потребни на Европа, додека се обезбеди дополнителен приход за пензионерите – важен момент во предвид демографските предизвици пред Европа, рече Домбровскис.
Тој истакна дека слични производи, исто така, ќе им овозможи на европските граѓани да имаат полесен пристап до своите заштеди, дури и кога се движат во друга европска земја.
Домбровскис го претстави планот како дел од времената евалуација на петгодишниот план за акција за пазарот на капитал, кој Европската комисија го усвои во 2015-та година.
Домаќинствата во ЕУ имаат меѓу највисоките нивоа на заштеди во светот од барем 1 заштедено евра на секој приход од 10 евра. Премалку од овие заштеди сепак се вложуваат во долгорочна продуктивност. Меѓу нашите главни цели е да ги ослободиме европските заштеди и да ги впрегнем во работа, изјави Домбровскис.