27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја затвори вратата, крај за намалувањето на каматите

ЕЦБ ја затвори вратата, крај за намалувањето на каматите

Европската централна банка ги задржа клучните каматни стапки на рекордно ниско ниво, но ја „затвори вратата“ за можноста за нивно понатамошно намалување.

Причината за тоа е инфлацијата која е под целта и покрај забрзувањето на економскиот раст.

Референтната каматна стапка е задржана на 0,0 проценти, маргиналната каматна стапка остана на 0,24 проценти, а каматната стапка на депозитите е минус 0,4 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

ЕЦБ повтори дека каматните стапки ќе ги задржи на актуелното ниво подолг период, најверојатно и после програмата на ЕЦБ за нето купување на актива.

Исто така е потврдено дека актуелната програма за купување на актива, која од април е намалена на 60 милијарди евра месечно, би можела да биде зголемена или продолжена ако перспективите на економијата на еврозоната станат помалку поволни.

Пазарите сега чекаат обраќање на претседателот на ЕЦБ Марио Драги кој би требало да ја објасни одлуката на ЕЦБ за задржувањето на актуелната монетарна политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП