21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива тековно, коловозите суви, интензитетот умерен

Сообраќајот се одвива тековно, коловозите суви, интензитетот умерен

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола.

Прекин на сообраќајот има и на регионалниот пат Тетово – ГП. Јажинце и тоа кај с. Порој поради излевање на Поројска река. Сообраќајот се пренасочува.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП