12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: За да постигне трговски договор со МЕРКОРСУР, ЕУ мора да прифати...

Меркел: За да постигне трговски договор со МЕРКОРСУР, ЕУ мора да прифати компромис

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека ЕУ треба да се реши на компромис, ако сака да постигне трговски договор со јужноамериканската економска унија МЕРКОРСУР, пренесе Ројтерс.

За време на состанокот со претседателот на Аргентина Маурисио Макри, Меркел посочи дека германското земјоделство има свои интереси, но Германија го поддржува стремежот на Аргентина да постигне трговски договор со ЕУ.

За возврат Макри изјави дека МЕРКОРСУР се стреми кон договор независно од политичките проблеми во Бразил и посочи дека протекционизмот на ЕУ бил помал предизвик отколку што е замислен.

На прашањето во врска со стремежот на претседателот на САД Доналд Трамп кон изолационистичка политика, Меркел рече дека ваквиот начин на акција носи само краткорочни бенефиции, но на подолг период не носи плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП