22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов заем од 480 милиони евра одобрен за Агрокор

Нов заем од 480 милиони евра одобрен за Агрокор

Привремениот совет на доверители на Агрокор денес и даде одобрение на Вонредната управа да потпише договор за финансиски аранжман (заем) од 480 милиони евра, соопшти Агрокор.

Во оваа сума се вклучени и 80-те милиони евра што на име на кредит Агрокор ги доби во април месец, од страна на домашните банки. Во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата, се додава дека за добавувачите се обезбеди дополнителни 50 милиони евра, кои ќе бидат искористени за рефинансирање на стоката што се добавува во компанијата.

“Ова е последното задолжување на Агрокор, кое го одобрува вонредната управа и тоа ќе се искористи за да се создадат неопходни услови за успешно реструктуирање на компанијата”, рече Анте Рамљак, кој е претседател на вонредната управа на Агрокор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП