ПочетнаЕКОНОМИЈАДо ЈО се доставени седум ревизорски извештаи

До ЈО се доставени седум ревизорски извештаи

Државниот завод за ревизија лани доставил седум ревизорски извештаи до Јавното обвинителство, но ниту за еден од нив не добил повратен одговор дали е покрената истрага.

Ревизорските извештаи во кои се утврдени неправилности во финансиското работење и што се доставени во обвинителството се однесуваат на работата на Општина Кочани, Министерството за економија, ЈП „Македонија пат“, Министерството за образование и јавната установа Дом за стари лица „Киро Крстевски-Платник“ од Прилеп“.

Од Јавното обвинителство изјавија дека во текот на денот не можат да кажат дали и како постапиле по извештаите на ДЗР бидејќи се повеќе извештаи и нив ги работат повеќе обвинителства. Информација најавија за следната недела.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП