28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува „Војдан Чернодрински“- 12 претстави во официјална конкуренција

Почнува „Војдан Чернодрински“- 12 претстави во официјална конкуренција

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утревечер почнува 52. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Од 19.30 часот во ликовната галерија ќе биде отворена изложбата „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџи Николов, а потоа и на дела од ДЛУБ, за публиката да влезе во големата сала каде на академикот Митко Маџунков ќе му биде доделена наградата за животно дело.

Фестивалот ќе го отвори министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, беше речено на денешната прес-конференција. Театарската завеса ќе се подигне и ќе почне годинашното издание на фестивалот со настапот на Драмскиот театар од Скопје кој ќе ја изведе „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, во режија на Наташа Поплавска.

До 16 јуни љубителите на театарот ќе можат да уживаат во театарската магија гледајќи уште 12 претстави во официјална конкуренција, и на уште осум во придружна програма.

Уметничкиот директор Петар Темелковски вели дека и оваа година публиката со нетрпение, со многу љубов и позитивна енергија ги исчекува најновите театарски остварувања и дека ќе се понуди убаво издание на фестивалот.

На фестивалот ќе има и промоции на театарска литература, а затворањето е со мјузиклот „Тајно моја“ посветен на нашата музичка легенда Тоше Проески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП