3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлицата „Франклин Рузвелт“ викендов со времен сообраќаен режим поради инвестиции во дистрибутивната...

Улицата „Франклин Рузвелт“ викендов со времен сообраќаен режим поради инвестиции во дистрибутивната мрежа

Улицата „Франклин Рузвелт“ во близина на Министерството за економија викендов ќе биде под времен режим за движење со возила поради реконструкција со дислокација на магистрален топловод од дистрибутивната мрежа за топлинска енргија на централниот топловоден систем.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје работат брзо и ефективно на што поскоро завршување на инвестициските проекти, а граѓаните се замолуваат за разбирање.

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје.

Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитетот во насока на пресретнување на потребите на новите корисници. Истовремено преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП