3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија подготвува програма за спас на домашната економија

Словенија подготвува програма за спас на домашната економија

copyright-tourism-ljubljana

Владата на Словенија потврди дека забрзано работи на програма со мерки со што ќе треба да се спречи интервенцијата на ЕУ за покривање на неливидноста во домашната економија и во словенечкиот банкарски сектор.

Според планот, што ќе и биде даден на увид на Европската комисија во Брисел, се предвидува зголемување на даноците, реформирање на банкарскиот систем во земјата и поширока приватизација.

Во Словенија банкарскиот сектор е главно во рацете на државата и тој подолго време страда од огромниот број на т.н. „лоши долгови“ што ја тера владата во Љубљана постојано да се бори за да позајмува пари за одржуваље на ликвидноста.

Словенија се наоѓа во економска рецесија од 2011 година. Меѓународни економски експерти предупредуваат дека оваа земја е „сосема близу“ до ситуацијата во која минатиот месец се најде Кипар, за да бара пари од ЕУ за спас од економски колапс.

Финансиски функционери во ЕУ подолго време изразуваат скептицизам околу стабилноста на словенечкиот банкарски сектор,сугерирајки интервенција на владата и мерки за надминување на сегашната состојба.

Владата на Словенија, сепак, минатата недела успеа да обезбеди 3,5 милијарди евра на меѓународниот пазар за ибврзници, иако средствата се добиени со релативно висока каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП