14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците: Не можеме да прифатиме се што ќе понудат

Грците: Не можеме да прифатиме се што ќе понудат

Властите во Грција апелираа до европските лидери да понудат поттици кои ќе понудат раст и помош да се прекине застојот во преговорите меѓу евроозната и ММФ.

Поттиците во наредните години, како инвестициските пакети, би можеле да помогнат во надминувањето на разликите и „пронаоѓањето на заеднички темели кои се неопходни за сеопфатно решение кон кое тежнеат и двете страни“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, пренесува агенцијата Ројтерс.

Тој, како што пренесува агенцијата АФП, изјави дека од лидерите на Европската унија овој месец би можело да биде побарано да дејствуваат со помош за да се избегне доцнењето во отплатата на грчкиот долг, ако пропаднат преговорите на министерското ниво наредната недела.

„Доколку недоразбирањата продолжат, преговорите би можеле да продолжат на самитот на ЕУ кој се одржи на 22-23 јуни“, изјави портпаролот Цанакопулос пред новинарите.

„Не сме подготвени само да прифатиме се што ќе ни предложат. Работиме на тоа на состанокот на министрите за финансии на еврозоната, на 15 јуни, да постигнеме заедничко решение“, вели Цанакопулос, и додава дека е оптимистичен по повод исходот од тој состанок.

Преговорите за огромниот грчки долг, кој изнесува 179 проценти од БДП се парализирани со месеци поради несогласувањата на ММФ и европските кредитори на Атина.

Имено, Европјаните очекуваат дека грчката економија ќе оствари силен раст, па потоа владата во Атина ќе оствари значителен суфицит во приходите во наредните години, што ќе и овозможи да го намали долгот.

ММФ, сепак, е помалку оптимистичен, и смета дека на Атина и е потребно ублажување на товарот од долгот со цел тој да стане одржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП