3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Истанбул годишна конференција на ЕБРД

Во Истанбул годишна конференција на ЕБРД

The-Istanbul-skyline-at-dus

Во Истанбул денеска почнува годишната конференција на Европката банка за обнова и развој (ЕБРД) и деловен форум на тема иновации и инвстиции.

Ова е прв пат годишната конференција да се одржува надвор од традиционалните европски дестинации на ЕБРД.

Главна тема на собирот ќе бидат економските предизвици во регионот од Европа до северна Африка, каде банката во моментот е активна, а ќе стане збор и за различните методи за обновување на стопанскиот раст – со технолошки и финансиски инвонации, јакнење на конкурентноста, преку поддршка на динамичните мали и средни претпријатија.

Конференцијата ќе ја отвори турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Иако кризата во еврозоната и натаму има влијание врз економиите на земјите, во кои ЕБРД е активна и покрај тоа што пристапот до финансиските средства е се уште ограничен, Банката во 2012 година инвестирала 8,9 милијарди евра во 393 проекти.

– ЕБРД ќе вложи уште поголеми напори во тоа да им помогне на малите и средните претпријатија ширум регионот да имаат подобрат пристап до финансиски средства и да ја зголемат прекуграничната соработка, изјави претседателот на организацијата Сума Чакрабарти.

Тој додаде дека во овој период на континуиран слаб раст особено е важно за регионот да ги спроведува неопходните структурни реформи, а банката во тоа ќе ги поддржи.

ЕБРД е формирана во 1991 година со цел да им помогне на постокомунистичките земји на нивниот пат кон демократијата и пазарната економија. Банката во моментов е активна во 34 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП