2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најскржави министерства за споделување информации од јавен карактер

Кои се најскржави министерства за споделување информации од јавен карактер

Три министерства биле „најскржави“ во споделување информации од јавен карактер, покажа годишниот извештај на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2016 година.

Според извештајот кој е доставен до Собранието, најмногу жалби за недоставување информации се поднесени против три министерства: Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука и Министерството за финансии, како и против јавни претпријатија и јавните здравствени установи.

Поголемиот број жалби се доставени од здруженија на граѓани и фондации, но како и претходната година, значаен дел од жалбите, односно повеќе од 25%, се од физички лица. Биле доставени 619 жалби против одлуките, односно постапувањето на првостепените органи – иматели на информации.

Најголемиот број жалби (433) до Комисијата поднеле здруженија на граѓани и фондации, меѓу кои предничат Здружението ХОПС-Опции за здрав живот – Скопје, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, Центарот за граѓански комуникации – ЦГК и Транспаренси интернешнл. Во нивните жалби е наведено дека не е одговорено на нивни барања кои содржат прашања во врска со анализи и статистики за извештајни периоди од пет години до цела деценија.

Најмногу биле барани информации за извршени јавни набавки; огласи за избори и именувања, листи на информации за странски инвестиции, број на апликанти и добитници на средства од ИПАРД-програмата, износ на бруто и нето плата на државни функционери и членови на совети, исплатени патни и други трошоци на раководни лица и членови на комисии и други тела, податоци за плати и надоместоци на вработените во СЈО, колку средства општините издвоиле за невладини организации…

Седницата на која ќе се расправа за Извештајот во Собранието е закажана за в среда, 14 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП