6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung Electronics ќе вложува во американска фабрика

Samsung Electronics ќе вложува во американска фабрика

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics Co Ltd“ планира да инвестира 300 милиони долари во изградба на фабрика за електрични уреди во САД, објави „Korea Economic Daily“, цитирајќи неименувани извори.

Фабриката во Блајтуд, Јужна Каролина, ќе произведува производи како машини за перење и гасни печки, пишува уште јужнокорејскиот весник.

„Samsung“ ќе потпише официјален договор за инвестиција подоцна во текот на овој месец и планира да ја заврши изградбата на фабриката до 2019-та година, се вели во материјалот.

Портпаролот на „Samsung“ одби да даде коментар во врска со ова прашање.

Јужнокорејската компанија изјави претходно оваа година дека води преговори за изградба на фабрика за апарати за домаќинство во САД во позадина на срамот за протекционистички политики на претседателот Доналд Трамп. Тогаш за место за фабриката освен Јужна Каролина се споменува и Алабама.

Во ноември пред победата на Трамп „Samsung Electronics“ соопшти дека ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари во својата фабрика за чипови во Остин, Тексас, до крајот на јуни 2017-та година.

Новата администрација на САД се заканува да наметне повисоки царини за увоз, а претседателот Трамп ги нападна јавно некои од најголемите компании во светот поради производство во странство на производи наменети за американски корисници. Тоа ги подгрева стравувањата во индустријата и предизвикува бум на ветувања за повеќе инвестиции во земјата на неограничените можности.

До денес корејските компании не се насочени поради увозот, но некои од нив почнаа превентивни потези за да спречат критики. „Hyundai Motor Group“ пример изјави во јануари дека планира да ги зголеми своите инвестиции во САД со 50 проценти до 3,1 милијарди долари за период од пет години.

Компанијата за кориснички апарати „LG Electronics Inc.“ објави во март оваа година планот за изградба на нова фабрика за домашни апарати во Тенеси, САД, како инвестиција се проценува на 250 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП