22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПроблематичниот Air Berlin ја мерка Lufthansa

Проблематичниот Air Berlin ја мерка Lufthansa

Германската авиокомпанија која во моментов е во проблеми „Air Berlin“ соопшти дека е отворена за соработка со „Lufthansa“, во момент кога настојува да ги ограничи големите загуби.

„Мораме да пронајдеме партнер во 2017 година, а „Lufthansa“ е еден од потенцијалните. Ќе ги разгледам сите опции кои имаат смисла за „Air Berlin“ и се што ги обезбедува работните места на долг рок“, изјави директорот на „Air Berlin“, Томас Вункелман, пренесува агенцијата Франс прес.

Оваа авиокомпанија со седиште во Берлин прокнижи загуба од 1,2 милијарди евра во изминатите две години и зависи од „инекцијата“ капитал од клучниот акционер „Etihad“ со цел да преживее, наведува АФП.

Раководството на „Air Berlin“, втората најголема авиокомпанија, претходно го претстави планот за реструктуирање на работењето, кој подразбира давање под закуп на 38 авиони со пресонал од „Lufthansa“ и укинување на 1.200 работни места.

Во процесот на реструктуирање на работењето, авиокомпанијата исто така беше погодена и со серија откажувања на летови и сериозни доцнења, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП