29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Катар

S&P го намали кредитниот рејтинг на Катар

Рејтинг агенцијата „S & P Global Ratings“ го намали кредитниот рејтинг на Катар од АА до АА-, објави „MarketWatch“.

Изгледите пред рејтингот е негативен, што значи дека во блиска иднина агенцијата може пак да ја намали оценката за економијата на емиратот.

Одлуката на „S & P“ за рејтингот на Катар доаѓа откако неколку земји од Блискиот Исток, меѓу кои Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет, Јемен и други ги прекинаа дипломатските и транспортни врски со Катар поради обвинувања дека емиратот го поддржува тероризмот.

„Сметаме дека тоа ќе ја влоши надворешната ранливост на Катар и може да изврши притисок врз економскиот раст и фискалните индикатори“, нагласува агенцијата за рејтинг.

Намалувањето на кредитниот рејтинг ги одразува ризиците поврзани со дипломатската криза. Ново намалување може да се очекува ако ситуацијата се влоши или владата на емиратот преземе поголем нов долг од очекуваниот.

Намалување на рејтингот може да се очекува и кај влошување на оценката на агенцијата за условните обврски на банкарскиот систем на емиратот и сродните субјекти или ако надворешните линии за финансирање на Катар бидат прекинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП