4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна конференција „Безбедносен инженеринг за подобрување на условите за работа” во Охрид

Меѓународна конференција „Безбедносен инженеринг за подобрување на условите за работа” во Охрид

ohrid1

Меѓународна конференција насловена „Безбедносен инженеринг во функција на подобрување на условите за работа” од денеска до 12. мај ќе се одржи во Охрид, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Здружението за безбедност при работа „28 – ми Април“ и Машинскиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Основната цел на меѓународната конференција, под покровителство на министерствата за труд и социјална политика и за здравство, е преку размена на теоретски и практични искуства да се утврдат насоките на идните истражувања и развој во областа на безбедност и здравје при работа.

Во реализацијата на настанот освен стручни лица и експерти од научно – образовните и надлежните државни институции од нашата земја, вклучени се и еминентни стручни лица од Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Србија, Австралија и други, како и стручни лица од индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП