29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија со рекордни 103 квартали без рецесија

Австралија со рекордни 103 квартали без рецесија

Економијата на Австралија порасна за 0,3 проценти во првите три месеци оваа година во однос на претходниот квартал.

Тоа значи дека го стигна рекордот на Холандија од 103 последователни квартали без рецесија.

Најновите податоци покажуваат дека Австралија веќе 26 години бележи константен раст, иако стапката на раст на БДП во првиот квартал забави во однос на растот од 1,1 проценти од последниот квартал од 2016 година, покажуваат податоците на австралиското биро за статистика, пренесува ФТ.

Годишната стапка на раст забави на 1,7 проценти од 2,4 проценти од последниот квартал минатата година, што е најбавната стапка на раст од третиот квартал во 2009 година.

И покрај неверојатниот рекорд, Австралија е соочена со проблеми поради рекордно ниската стапка на раст на платите, забавувањето на пазарот на недвижнини и неодамнешниот пресврт во цените на суровините.

БДП по глава на жител, кој е мерило за животниот стандард, порасна за скромни 0,2 проценти во оваа година, наведува ФТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП