Европската комисија започна да oдделува по 5,5 милијарди евра годишно, кои до 2020 година ќе бидат наменети за одбрана. Тоа е дел од новата стратегија на Брисел за заедничка европска одбрана, која денеска беше презентирана.
Слично на Белата книга за иднината на Унијата, Брисел денеска промовира три сценарија за иднината на европската одбрана
За прв пат во историјата на ЕУ Брисел одлучи денеска да почне да собира милијарди евра за заедничка европска одбрана.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска го претстави документ за размислување за иднината на европската одбрана по заминувањето на Велика Британија. Според неа заштита на територијата на ЕУ е работа на НАТО, но ЕУ може да придонесе кон сопствената безбедност.
„Многу држам до тоа да бидам јасна по конкретно прашање. Дури најамбициозното сценарио претставено по дискусии во документ не цели да ја замени соработката со НАТО“, посочи Федерика Могерини – висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност: „Предвидено е Европскиот фонд за одбрана да им помогне на земјите од ЕУ поефикасно да ги трошат средствата за одбранбени способности, кои им се ограничени или им се дуплирани како трошоци“.
„Ќе се финансираат проекти за истражување во приоритетните области за одбраната како електрониката или роботика. Дури и ако сите земји од ЕУ и оние кои припаѓаат на НАТО почнат да одвојуваат по 2% од БДП за одбрана, јас не би сакал тие да го прават поединечно“.
„Бидејќи два проценти од БДП потрошени на секоја страна одделно ќе донесе помалку безбедност отколку ако дел од парите се користат заедно од сите страни“, вели Јурки Катаинен – заменик-претседателот на ЕК. Фондот ќе ги охрабри земјите од ЕУ кон заедничко стекнување на одбрана техника и технологија, како дронови или хеликоптери. Според Комисијата, во Европа има повеќе производители на хеликоптери отколку влади кои ги купуваат.
Недостатокот на соработка во одбрана европските економии ги чини од 25 милијарди до 100 милијарди евра годишно.