ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот надвор од градовите со намален интензитет

Сообраќајот надвор од градовите со намален интензитет

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола.

Во прекин е сообраќајот по регионалниот пат Тетово – ГП. Јажинце, кај с. Порој поради излевање на Поројска река.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП