12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија изгласа зголемување на платите во јавниот сектор

Романија изгласа зголемување на платите во јавниот сектор

Долниот дом на романскиот парламент со големо мнозинство денеска го усвои нацрт-законот за зголемување на платите во јавниот сектор, кој ќе почне да се реализира од јануари 2018 година.

Законот беше изгласан и покрај критиките што пристигаа од Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, пренесува Ројтерс.

Според законот, за кој гласаа 188 пратеници и 28 беа против, месечната плата за највисоко рангиран лекар вработен од страна на Националната здравствена служба, следната година од 1.000 евра ќе се зголеми на 2.700 евра, додека медицинските сестри наместо 530 ќе земаат 900 евра, пренесува агенцијата Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП