20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ќе добие 95,1 милион евра од договорот ИПА

Србија ќе добие 95,1 милион евра од договорот ИПА

Србија и ЕУ, во Брисел го потпишаа првиот дел од финансискиот договор на ИПА 2016 година. Според него Србија од ЕУ ќе добие 95,1 милион евра, а вкупната вредност на договорот е 166,4 милиони евра, соопшти денеска ЕУ инфо центарот во Белград.

Првиот дел од договорот беше потпишан вчера од страна на српскиот министер без ресор задолжен за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Од 95,1 милион евра, 48,7 се наменети за промовирање на конкуренција во Србија, 35,8 милиони ќе бидат наменети за процесот на евроинтеграција, пет милиони евра за судството и 5,6 милиони евра за други сектори, се наведува во соопштението

Од предвидените 48,7 милиони евра за поттикнување на конкуренцијата во Србија, 23,7 милиони евра ќе бидат искористени за проекти за поддршка на малите и средните претпријатија, додека 25 милиони се наменети за промовирање на конкурентноста и вработувањето на локално ниво, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП