18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSantander ја купи Banco Popular за 1 евро

Santander ја купи Banco Popular за 1 евро

Шпанскиот банкарски гигант „Santander“ плати 1 евро по купувањето на банката „Banco Popular“ која има големи тешкотии во последно време и беше блиску до колапс.

„Banco Popular“, која беше задолжена со лоши хипотекарни кредити за милијарди, беше продадена, откако европските регулатори објавија дека банката е на работ на стечај.

Во прилог на симболичната цена од 1 евро, „Santander“ ќе вложи 7 милијарди евра во капиталот на стекнатата банка.

Ова е прв пат во кој се применуваат новите механизми за справување со неконкурентни банки во Европа, запишани по кризата од 2008-ма година.

Европската комисија вели во изјавата дека продажбата била најдобра опција за „Banco Popular“.

Лошите хипотекарни кредити поставија во неповолна позиција многу од шпанските банки со години откако имотниот „балон“ во земјата пукна. Акциите на „Banco Popular“ поевтинуваат во последните неколку дена, откако инвеститорите се угнетуваат за статусот на институцијата.

„Santander“ посочуваат дека купувањето ќе го зголеми бројот на клиенти и во светот до 20 милиони потрошувачи, на тој начин банкарската институција ќе заземе удел од 20% од шпанскиот кредитен пазар.

„Santander“ има околу 190.000 вработени, додека за „Banco Popular“ работат околу 11.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП