2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во мај од 1,2 проценти

Раст на инфлацијата во мај од 1,2 проценти

Трошоците на живот во мај годинава, споредено со истиот период лани, се зголемиле за 1,2 проценти, а цените на мало за 2,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на живот во мај е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 8,7 проценти, болничките услуги за 1,2 проценти… Пораст на трошоците на живот во споредба со април, има кај свежото и разладеното овошје за 13,2 процента, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5 проценти и друго.

Намалувањето на трошоците на живот во мај, во однос на април, е евидентирано кај јогуртот за 1,2 проценти, јајцата за 1,1 процент, млекото за 0,8 проценти, џигерите, другите преработки од месо, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 проценти, маслото и маснотиите за 0,3 проценти, сирењата и урдата за 0,2 проценти.

Исто така во мај се намалени трошоците на животот и кај гасот за домаќинствата за 4,9 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за два процента, течните горива за домаќинствата за 1,8 проценти, средствата за чистење и одржување на станот, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,1 процент, малите електрични апарати за 0,5 проценти, пакет-туристичките аранжмани, услугите за сместување и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП