2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД ги подобри прогнозите за глобалниот економски раст во оваа година

ОЕЦД ги подобри прогнозите за глобалниот економски раст во оваа година

Глобалната економија оваа година е на пат да забележи најбрз раст по шест години откако обновата на трговијата помага да се компензираат послабите изгледи пред САД, покажува последната прогноза на „ОЕЦД“.

Светската економија е на пат да се прошири за 3,5% во оваа година и за 3,6% во 2018-та година, изјави Организација за економска соработка и развој, која ги ажурираше последните прогнози, соопштува „Ројтерс“.

Оценката за 2017-та година не е само повисока од последните перспективи во март за раст од 3,3%, но и ќе биде најдобро претставување на светот од 2011-та година.

А сепак, и покрај овие светли перспективи растот фрустрирачки ќе остане под нивото од пред финансиската криза во 2008-2009-та година, изјави генералниот секретар на „ОЕЦД“, Анхел Гури.

„Се е релативно. Она што не би сакал да правиме е да го прославиме фактот дека се движиме од многу полошо на медиокритет“, вели Гури во интервју за „Ројтерс“.

„Тоа не значи дека треба да се навикнеме со тоа или да живееме со тоа. Треба да продолжиме да се стремиме кон подобро претставување“, додава тој.

Иако обновата на трговијата и инвестициските текови поддржуваат подобрување на економски перспективи, Гури вели дека бариерите во форма на протекционизам и прописи треба да бидат укинати за да се гарантира посилен раст.

Подобрувањето нема да биде доволно и за да ги задоволи очекувањата на луѓето за подобри стандарди на живот и да се намали растечката нееднаквост во приходите, рече тој.

„ОЕЦД“ очекува подобри глобални перспективи, иако ги намалува оценките за САД, како поттик на извозот од силниот долар и намалувањето на даноците, придружните трошоци на домаќинствата и бизнис инвестициите.

Според „ОЕЦД“, САД ќе постигн раст од 2,1% во оваа година и 2,4% во наредната, наспроти оценките во март за соодветно 2,4% и 2,8%.

Главниот економист на „ОЕЦД“, Кетрин Ман ги придава намалените проценки на доцнењето во плановите на администрацијата на Трамп за наметнување на намалување на даноците и трошоците за инфраструктурата.

Послабите американски перспективи се компензирани од малку подобрите очекувања за еврозоната, Јапонија и Кина.

Поддржан од стабилниот раст на Германија, економијата на еврозоната ќе се зголеми за 1,8% во оваа и следната година во однос на проценката од 1,6% во претходниот извештај.

Како резултат на подобрувањето се меѓународната трговија во Азија и фискалните стимулации јапонскиот раст ќе достигне 1,4% во оваа година, пред да се забави до 1,0% во 2018-та година. Оценките сепак се повисоки од претходните прогнози на „ОЕЦД“ за соодветно 1,2% и 0,8%.

Организацијата ги подобри малку и изгледите за раст на Кина до 6,6% во оваа година и 6,4% во 2018-та година како резултат на нови стимуланси.

Ова, за возврат го поддржува силниот увоз и помага да се напојува заживувањето на азиската трговија. Како резултат на тоа глобалните трговски врски ќе се прошират со 4,6% во оваа година – речиси два пати побрзо од 2016-та година.

Според „ОЕЦД“ ризиците пред изгледите ја вклучуваат растечката разлика меѓу каматните стапки во монетарната политика на големите централни банки, што го зголемува ризикот од нестабилноста на финансиските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП