1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот се насочува кон цена од 3.000 долари

Биткоинот се насочува кон цена од 3.000 долари

Дигиталната валута биткоин го продолжува својот подем. Вредноста на еден биткоин се покачи во вторникот до нова рекордна вредност од над 2.871 долари за готово, пренесува „Bloomberg“. Во претходниот ден цената беше „само“ 2.848 долари – со околу 17% над цената од крајот на минатата недела.

Сегашниот раст е доказ за тоа, дека шпeĸyлaциите нa пaзapa нe пoĸажуваат знaци нa намалување, откако цeнaтa нa дигитaлнитe пapи ce намали пoд 2.000 дoлapa на крајот нa мaј.

Трговците го објаснуваат тековниот раст со неодамна објавеното укинување на забраната за повлекување од трите најголеми кинески берзи за биткоин. Во февруари центрите за трговија го прекинаа повлекувањето откако кинеските власти изразија загриженост за извозот на капитал од земјата, како и за можното перење пари.

Особено динамичните трговија со биткоини во Кина се смета од некое време за мотор на цените. На крајот на 2016-та година што е во оптек од 2009-та година дигиталната валута се уште чинеше помалку од 1.000 долари за готово. На крајот на 2010-та година цената беше 0,30 долари.

Биткоинот е дигитална валута, која настанала пред помалку од десет години. Овие пари се генерираат во сложени компјутерски процеси и се тргуваат на платформи на интернет наспроти традиционална валута. Системот ја користи технологијата на „блок-чејн“. Станува збор за шифрирана база на податоци во која се чуваат сите трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП