6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе помага ниту Северниот ниту Турскиот тек

Не помага ниту Северниот ниту Турскиот тек

Дури ниту реализацијата на проектите Северен тек и Турски тек не помага да се затвори јазот меѓу понудата и побарувачката во Европа.

Тоа го истакна заменик генералниот директор на Газпром Александар Медведев.

„Сега имаме повеќе од четири милијарди кубни метри гас кои ги продаваме по принципот „take or pay“ договор (се плаќа договорената, а не потрошената количина), а ако ги погледнеме перспективите на побарувачката, дури и со Северен тек 2 и две линии од Турскиот тек, јазот меѓу понудата и побарувачката нема да биде затворен“, изјави Медведев на конференцијата за новинарите.

Како што пренесува руската агенција Тас, тој на новинарско прашање за тоа дали Бугарија побарала зголемување на испораките за рускиот гас одговорил дека Газпром не добил такво барање.

„Во конкретниот случај, јас сум учествувал во преговорите со Бугарија. Не постоеа никакви барања за испорака на 15 милијарди кубни метри гас“, изјави Медведев.

Газпром смета дека оваа година ќе се заврши антимонополската истрага на Европската комсисија.

„Не признаваме наша вина. Едноставно не сме виновни, но започнавме дијалог со Европската комисија за да дозволиме развој на европскиот пазар“, заклучи Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП