22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабричките нарачки во Германија се намалуваат посилно од очекуваното

Фабричките нарачки во Германија се намалуваат посилно од очекуваното

Новите нарачки во индустријата во Германија се намалуваат за 2,1% на месечна основа во април, соопштува федералната служба за статистика „Destatis“. Податоците за март се ревидирани во нагорна насока – зголемувањето е 1,1%, а не 1%, како што беше првично соопштено.

Според агенцијата „Ројтерс“ очекувањата беа за пад во износ од 0,4 отсто.

Во април 2017-та година налозите од домашниот пазар се намалуваат за 0,2% на месечна основа, а оние од странство запишуваат пад од 3,4%.

Нарачките од еврозоната се намалуваат со 1,4 отсто, а оние од трети земји се намалуваат за 4,8%.

Во четвртиот месец од годината производителите на интермедијарни стоки предвиде 0,1 проценти раст во договорите. Кај капиталните стоки има пад од 3,6%, а потрошувачките стоки запишуваат намалување од 0,8%.

Прометот во индустријата во Германија забележа раст од 1,3%.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП