19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGAS не дава стока на мало, ЕУ подготвува драконска казна

GAS не дава стока на мало, ЕУ подготвува драконска казна

Европската унија започна истрага против американскиот производител на облека „GAS“ поради сомнеж дека таа компанија ги спречува продавачите на мало да ги продаваат нејзините производи.

Европската комисија соопшти дека сака да открие дали договорите на компанијата „GAS“ за дистрибуција на стока им забрануваат на продавачите во земјите на ЕУ да им продаваат стока по пат на интернет на купувачите од други држави од Унијата.

Европската комесарка за конкуренција Маргарет Вестагер изјави дека „една од клучните користи на единсвениот пазар на ЕУ“, е тоа што потрошувачите можат да купуваат било каде ширум 28-те земји членки на Унијата.

Компанија „GAS“ дизајнира, дистрибуира и лиценцира облека и аксесоари, а нејзините производи го носат името „GAS“ и „Marciano“.

Ако биде прогласена за виновна, компанијата „GAS“ би можела да биде казнета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП