29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ова лето туристите ќе го избегнуваат Лондон?

Дали ова лето туристите ќе го избегнуваат Лондон?

Терористичките напади во Лондон може сериозно да му наштетат на туризмот во Англија. Нападите од минатата недела се третиот чин на тероризам во земјата во рамките на помалку од три месеци.

Туристичките експерти веруваат дека Велика Британија ќе изгуби посетители, кои се загрижени за својата безбедност.

Компанијата за истражување „Euromonitor“ проценува дека 285.000 туристи ќе го одбегнат Островот во оваа година, како резултат на неколкуте напади. Според компанијата, туризмот на Англија може да се опорави до сегашното ниво дури во 2020-та година, пренесува „CNN“.

„Ужасни напади во рок од три месеци нанесоа сериозни штети на брендот Британија како туристичка дестинација“, вели Хенри Хартвелт, независен аналитичар од Сан Франциско.

„Туристите може и да ја сакаат Велика Британија, но верувам дека сериозен број од нив најверојатно ќе ја сакаат од далечина, барем ова лето“, вели тој.

Лондон е трет најпопуларен град меѓу туристите во светот, примајќи околу 19 милиони посетители годишно. Сето ова се случува по ред со „бум“ на туризмот во Англија, кој е поткрепен со поевтината фунта, правејќи ја земјата поевтина за посета.

Тероризмот сепак може да го промени трендот, како што се случи со Париз по координираните терористички напади во крајот на 2015-та година.

Истражување на компанијата „ForwardKeys“ покажува дека меѓународните посетители на Париз се намали за 12% во текот на околу 3-4 месеци по нападите во градот. Повеќе од една година подоцна, туризмот во Париз се уште не се опорави целосно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП