2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе им е јасно што точно работи Трамп, но тука се

Не им е јасно што точно работи Трамп, но тука се

Водечките извршни директори на американските компании и понатаму ги поддржуваат клучните точки од програмата на претседателот Доналд Трамп и покрај нејасниот план за намалување на данокот.

Здружението на извршни директори на Бизнис Тркалезната маса соопшти дека состојбата на економија според нивното мислење е најдобра во последните три години.

Нивното истражување покажало дека плановите за капитални инвестиции се зголемени за 4,6 проценти во однос на првиот квартал, додека прогнозата за продажбата порасна за за 0,5 проценти.

Плановите за вработување во наредните шест месеци се намалени.

Џејми Дајмон, извршниот директор на „JP Morgan Chase“ изјави дека резултатите од истражувањето покажуваат верба во измените на даночните закони и „посветеноста на администрацијата да создаде подобро деловно опкружување“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП