25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар во изолација, редови за храна во супермаркетите, можен пропаст и на...

Катар во изолација, редови за храна во супермаркетите, можен пропаст и на „Катар ервејс“

Откако Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Јемен, Бахреин и на Малдивите ги прекина дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот, оваа земја во текот на ноќта се најде во изолација.

Според извештаите на медиумите, загрозен е увозот на храна, бидејќи Катар се потпира на земјите од Заливот. Иако официјални лица ги смирија граѓаните, многумина побрзаа да си создадат резерви. Во главниот град Доха се празнат полиците на супермаркетите, а клиентите чекаат во ред – слика што никој не ја очекува во најбогатата земја во светот. Властите тврдат дека овие сцени даваат искривена слика, но аналитичарите укажуваат дека оваа ситуацијата би можела да го принуди Катар да бара нови добавувачи на храна.

Само Саудиска Арабија блокираше илјадници камиони со храна на границата, а во прекин е и поморскиот и воздушен сообраќај со таа земја. Под прашалник може да се најде и организацијата на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Првите последици од блокадата ги почувствува авиокомпанија „Катар ервејс“. Таа вработува 24.000 луѓе, има 192 авиони и лета на повеќе од 150 дестинации во светот. Загубата на воздушниот простор ќе значи крај за компанијата.

Воздушниот простор на Катар е опкружен главно од воздушниот простор на Бахреин, на исток се Емиратите а на југ е воздушниот простор на Саудиска Арабија. Според меѓународните договори овие земји не можат да им забранат пристап на катарските авиони во воздушниот простор, но можат да им забранат слетување. Саудиска Арабија не е потписник на договорот и веќе му одби пристап на Катар до нејзиниот воздушен простор. Бахреин ќе го ограничат летот на катарските авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП