
Денеска се одржа претпоследното задолжување на старата Влада за сума од околу 8,1 милион евра, според календарот на задолжувања на Министерството за финансии.


Денеска се одржа претпоследното задолжување на старата Влада за сума од околу 8,1 милион евра, според календарот на задолжувања на Министерството за финансии.
Беа понудени шестемесчни државни записи и една 15 годишна обврзница. Веќе утре седми мај, е предвидено раздолжување по основ на веќе доспеани долгови во ист износ.
За 20 јуни е закажано последното задолжување на старата Влада, иако за него, нема објавено проспекти.