30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЦитати кои ќе ви дадат внатрешен поттик за поголема мотивација

Цитати кои ќе ви дадат внатрешен поттик за поголема мотивација

Ова се познатите мотивациони цитати кои може да ги прочита секој, и од нив да извлече одредена поука. Доколку ти недостасува мотивација и имаш потреба од внатрешен поттик обиди се да ја пронајдеш помеѓу овие цитати…

„Клучот до успехот е фокусот врз свесноста за нештата кои ги посакуваме, а не од кои се плашиме“ – Брајан Трејси

„Успех е да го добиеш она што го сакаш. Среќа е да го сакаш она што го добиваш“ – Дејл Карнеги

„Пречките се неопходни за успех бидејќи во продажбата, како и во секоја друга кариера, победата доаѓа само после многу борба и безбројни порази“ – Ог Мандино

„Негувај ја твојата визија и твоите соништа како да се деца на твојата душа, отсјај на твоите крајни достигнувања“ – Наполеон Хил

„Вистинската одлука се мери со фактот дека сте презеле нова акција. Ако нема акција, вие не сте одлучиле ништо“ – Тони Робинс

„Медиокритетот кажува. Интелигенцијата објаснува. Супериорноста демонстрира. Одличната личност ги инспирира другите да видат сами“ – Харви Мекеј

„Ако не можеш да ја контролираш својата лутина, ти си беспомошен како град без ѕидови кој чека да биде нападнат“ – Книга на изреки

„Слободата, привилегиите, опциите, мора цело време да се тренираат, дури и под ризик на непријатност“ – Џек Венс

„Грижи се за твоето дело. Само така можеш да живееш“ – Џим Рон

„Во животот можеш да имаш се што сакаш, само ако им помогнеш на другите луѓе да го добијат тоа што го сакаат“ – Зиг Зиглар

„Бројот на успеси е во директна пропорција со бројот на тоа колку пати не сум успеал, но сум се обидел пак“ – Том Хопкинс

„Имаш се што треба за да изградиш нешто поголемо од себеси“ – Сет Годин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП