28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Раст на светската економија во 2018, помал пад во 2019

СБ: Раст на светската економија во 2018, помал пад во 2019

Светска банка најави дека глобалниот раст ќе остане непроменет во 2017 година и ќе изнесува 2,7 проценти, а во 2018 година ќе достигне 2,9 проценти, бидејќи напредуваат производството и трговијата.

„Светла точка“ е закрепнувањето на трговскиот раст на четири проценти во оваа година, откако изнесуваше 2,5 проценти минатата година, после постфинансиската криза, се наведува во извештајот под наслов „Глобални економски предвидувања“.

Закрепнувањето на трговскиот раст е резултат на зајакнувањето на побарувачката која доаѓа од големите, напредни економии, зголемениот трговски тек од и во Кина, како и намалениот товар кој произлегува од слабата побарувачка за извозната стока.

Силната трговија одразува и „подобар поглед на глобалниот раст“.

Светската банка очекува дека напредните економии во 2017 година ќе растат за 1,9 проценти, што е побрзо од растот од 1,7 проценти во 2016 година.

Меѓутоа, се очекува дека напредниот економски раст ќе забави на 1,8 проценти во 2018 година и на 1,7 проценти во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП