7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСкопје синема сити: Документарци за музичката историја-од електронска до џез

Скопје синема сити: Документарци за музичката историја-од електронска до џез

Во Кинотеката на Македонија, од 15 до 19 јуни ќе се организира третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Како што беше претходно објавено, Фестивалот се отвора со филм за Крафтверк, односно „Поп арт“, во традиција на претходните изданија кога фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви и Леонард Коен.

„Бидејќи Фестивалот пред сѐ сака да го прикаже богатството и разновидноста на музичкиот свет, програмата е зачинета со документарни филмови од светот на електронската музика, па така, покрај Крафтверк, истата вечер следи и филм за Жан Мишел Жар – ‘Патешествие низ електронската музика’. Во следните денови ќе се прикажат филмови за џез и боса нова музиката ‘1959 – годината која го промени џезот’ и ‘Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата’ за куриозитет да биде денот посветен на најголемите џез пејачки почнувајќи од Ејми Вајнхаус, (Ејми Вајнхаус: Со свои зборови), Кралиците на џезот: радоста и болката на џез дивите (Били Холидеј, Нина Симон, Ела Фицџералд, Пеги Ли, Сара Вон) и кралицата на џезот Ела Фицџералд: Причина за живеење. Потоа следи серијал филмови за класична музика: ‘Задоволството наречено Моцарт’, филм за авангардната класична музика на Франк Запа – ‘Современиот композитор одбива да умре’, а таа вечер проекциите ќе завршат со проекција на концертниот филм ‘Дерек Меј и Џијан Емин’, за којшто влезот ќе биде слободен“, известува организаторот.

Последната вечер е посветена на тројцата пријатели – фотографот Мик Рок, познат по неговата работа со Лу Рид и Дејвид Боуви, за којшто краткиот филм „Да живее Рок“ ќе биде вовед во филмовите за починатите музичари Лу Рид и Дејвид Боуви; „Во сеќавање на Лу Рид“ – портрет на овој голем урбан поет чии стихови и музика се саундтрак на Њујорк од почетоците со Велвет андерграунд па сѐ до последните изданија, раскажан од неговите најблиски соработници; Фестивалот завршува со портретот на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за Би-би-си, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП