17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонската берза остварен промет од над 14 милиони денари

На Македонската берза остварен промет од над 14 милиони денари

Во понеделник на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 14,7 денари, реализиран преку 113 трансакции.

Индексот МБИ10 го продолжи позитивниот тренд зголемувајќи ја својата вредност за 0,14% и достигна 2.288,13 индексни поени, додека ОМБ во негатива за 0,07% и заврши на вредност од 128,86 индексни поени.

Акцијата на Комерцијална банка беше на врвот со промет од околу 4,63 милиони денари и учество од одлични 31,41 % во вкупниот промет. Се истргуваа 1.713 лотови по просечна цена од 2.700,31 денари преку 23 трансакции.

Листата на “милионери” ја надополни и акциијата на Стопанска Банка Скопје со промет од 4,05 милиони денари.

Акцијата на Макошпед АД Скопје денот го заврши со најголем раст на вредноста од 20% со истргувана количина од само 50 акции, веднаш зад неа се најде акцијата на Топлификација АД Скопје со раст од нови 9,47%.

Од обврзниците за денационализација се тргуваше само со РМДЕН15, се реализираше една трансакција во вкупна вредност од скромни 28.379 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП