23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатарот „Антон Панов“ од Струмица поканет да гостува на Меѓународниот театарски фестивал...

Театарот „Антон Панов“ од Струмица поканет да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Minat“ во Шпанија

Театарската претстава „Каминот“ од Маргарит Минков, а во режија на Васил Михаил, е поканета да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Minat“ во градот Дениа, Шпанија, кој е со натпреварувачки карактер и се одржува од 1-ви до 10-ти јуни.

Екипата на народниот театар „Антон Панов“ Струмица претставата ќе ја изведе на 8 јуни.

Претставата беше премиерно изведена во мај 2013 година. Камерната дуо драма беше реализирана во актерски состав Коста Ангов – Хенри и Јасмина Вучкова – Ирис, додека во поново време улогата на Ирис ја толкува актерот и режисер Васил Михаил.

Овие неколку години освен на матичната сцена претставата доживеа и неколку фестивалски изведби и гостувања и тоа: Фестивал на бугарската драматургија „Друмев фест“ во Шумен – Бугарија, „Битфест“ во Битола – Македонија, Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ Струмица – Македонија, „Национален фестивал на мали форми“ Враца – Бугарија, Македонски национален фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп – Македонија, Анталија Градски фестивал – Анталија – Турција, Фестивал „Билазора“ Св.Николе – Македонија, како и гостувањата во Крањ – Словенија, Штипско лето, Демир капија, Гевгелија и секако претставите на матичната сцена во Струмица. Претставата досега доживеа 21 изведба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП