12 јуни, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Meta“ инвестира 10 милијарди долари во „AI“ стартап

„Meta“ инвестира 10 милијарди долари во „AI“ стартап

„Meta“ е во завршна фаза од разговорите за инвестирање во американската фирма „Scale AI“, што би можело да надмине 10 милијарди долари, дознава „Bloomberg“ од анонимни извори.

Доколку разговорите бидат успешни, тоа би бил еден од најголемите договори за приватно финансирање во секторот за вештачка интелигенција досега.

Инвестицијата е дел од новата стратегија на извршниот директор на „Meta“, Марк Цукерберг, кој најави инвестиции до 65 милијарди долари во вештачка интелигенција.

Фокусот е на моделот „Llama“, кој „Meta“ сака да го наметне како глобален индустриски стандард. Неговата потрошувачка верзија е веќе достапна на „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“, и ја користат милијарда луѓе месечно.

„Scale AI“, стартап основан од Александар Ванг во 2016-та година, е познат по своите услуги за означување на податоци кои помагаат во обуката на модели на машини и веќе соработува со гиганти како што е „Microsoft“.

Во претходната рунда на финансирање во 2024-та година, „Scale AI“ беше проценет на околу 14 милијарди долари, а во тековните преговори проценката би можела да достигне 25 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Сан Франциско минатата година оствари приход од 870 милиони долари, а се очекува приходите да се зголемат повеќе од двојно во 2025-та година, на 2 милијарди долари, додаде агенцијата со седиште во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП