9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТодориќ повеќе не е дел од Надзорниот одбор на Конзум

Тодориќ повеќе не е дел од Надзорниот одбор на Конзум

Ивица Тодориќ поднесе оставка од местото претседател на Надзорниот одбор на Конзум, стои во соопштението на основачот на концернот Агрокор, кое го упатил до ХИНА

Како што се истакнува во соопштението, кој лично е потпишано од Тодориќ, се наведува дека од 10 април, кога владин повереник го презеде управувањето врз Агрокор, тој не учествувал во работата на компанијата.

„Потполно сум свесен дека не можам да учествувам во работата и за мене е неприфатливо да бидам вклучен во какви било управни, надзорни или кои било други органи на Агрокор. Од постојната управа очекувам дека ќе работи во склад со Законот и ќе ја спроведе одлуката за моето разрешување“, посочува Тодориќ

Инаку, во понеделникот повереникот за Агрокор, Анте Рамљак, изјави дека претставникот на Аграм групата, еден од акционерите на Конзум, гласал против смената на Тодориќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП