16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Катар Ервејс“ ги суспендираше сите летови кон Саудиска Арабија

„Катар Ервејс“ ги суспендираше сите летови кон Саудиска Арабија

Авиокомпанијата „Катар ервејс“ соопшти денеска на својот официјален веб-сајт дека ги суспендирала сите летови кон Саудиска Арабија.

Одлуката на компанијата е реакција на потегот на четирите блискоисточни арапски земји, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, да ги прекинат односите со Катар, обвинувајќи ја оваа земја дека дава поддршка на тероризмот.

Ова е најголемо политичко разидување меѓу земјите на Блискиот Исток и наедно најмоќните држави во регионот. Потегот, според очекувањата е најава за следната одлука, изолирање на Иран, што според властите во Техеран е развој договорен за време на последната посета на претседателот на САД Донал Трамп на регионот.

Арапските заливски држави и Египет веќе одамна беа огорчени од поддршката на Катар за исламистите, особено за Муслиманското братство, што ги сметаат за опасен политички непријател.На овој координиран потег подоцна се приклучија Јемен и Либија.

Објавувајќи го затворањето на транспортните правци со Катар заливските земји им дадоа на посетителите и државјаните на оваа земја две недели да ги напуштат нивните земји. Катар исто така бил исфрлен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која што се бори во Јемен.

Саудиска Арабија го обвини Катар дека ги поддржува милитантните групи во регионот, од кои некои се поддржани и од Иран и дека ја шири нивната идеологија преку Ал Џезеира. Меѓу нив се споменуваат Муслиманските браќа, ИСИС, Ал Каеда, чии пораки телевизијата постојано ги промовира, според Ријад, во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП