12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата забележа остар пад

Цената на нафтата забележа остар пад

На светскиот пазар цената на нафтата минатата недела падна, бидејќи инвеститорите стравуваа дека одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се откаже од договорот за климатските промени би можела дополнително да го зголеми производството во Соединетите Американски Држави.

Во Лондон, Брент суровата нафта минатата недела падна за 4,2 проценти и се задржа на ниво од 49,95 долари, додека на американската сурова нафта се намали за 4,3 отсто и беше на 47,66 долари, пренесува Сибизz.

Притисок врз цената на нафтата, кон крајот на оваа недела, беше под влијание на веста дека САД ќе се повлечат од глобалниот договор за борба против климатските промени, потпишан во Париз во 2015 година, потег со кој Трамп го исполни едно од неговите главни ветувања на изборната кампања.

„Ова може да го охрабри неконтролирано дупчење низ САД и може да доведе до отфрлање на другите обврски, потпишани од страна на САД. Таквиот развој ќе ја продолжи зголемената понуда од САД и ќе ги комплицира проекциите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), и како сценарио не би било поволно за цените на нафтата”, рече за ОАНДА,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП