18 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАPwC: Грција има потреба од 270 милијарди евра инвестиции за брз раст...

PwC: Грција има потреба од 270 милијарди евра инвестиции за брз раст до 2022-ра

Грција има потреба од 270 милијарди евра инвестиции во периодот 2017 – 2022-ра година, за да може да си обезбеди брз економски раст. Ова го пишува во анализа на консултантската компанија „PwC“. Прогнозите се дека земјата ќе започне да излегува од рецесија, но растот на економијата ќе биде наскоро „анемичен“, а не забрзан.

Причината е дека сегашните текови за финансирање на активности се далеку од потребната сума. Компаниите во земјата се соочуваат со тешкотии да набават финансиски средства, поради замрзнатото кредитирање, смалувањето на заштедите и големиот број надзорни кредити, посочува уште анализата.

Податоците покажуваат континуиран пад на инвестициите во Грција од 2009-та година па наваму. Историски земјата систематски не успева да привлече значителни странски инвестиции и зависи од локалниот капитал. Ова сепак има негативен ефект врз конкуренцијата и економскиот раст.

За да може да излезе од оваа кризна ситуација, Атина треба да ја врати довербата во институциите и да работи активно за подобро управување со надзорните кредити. „PwC“ советува уште да биде изградена нова архитектура на финансискиот сектор, како и мобилизација на институциите.

Грција треба да го реструктуира и пазарот на недвижности во земјата, посочуваат уште аналитичарите.

Атина се бори за договор за направените реформи зачувани во третата спасувачка програма. На последната седница на Еврогрупата земјата не успеа да ја добие поддршката на доверителите кои се скараа за мерките за олеснување на долгот на земјата.

Земјата очекува развој на случајот за време на следниот состанок на министрите за финансии од еврозоната, што ќе се одржи на 15-ти јуни. Или политички договор кој ќе биде постигнат од премиерот Алексис Ципрас на состанокот на Европскиот совет, закажан за 22-ри јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП